
Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела, се соочува со тежок семеен удар откако неговата сестра Катерина почина во болница.
Трагичната вест стигна по неколку дневна борба за живот како резултат на сериозна несреќа која се случила во нејзиниот дом.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалскиот сојуз на Турција официјално ја објави оваа трагедија и изрази сочувство на италијанскиот тренер и неговото семејство.
“Со длабока тага ја примивме веста дека Катерина Монтела, сестра на нашиот селектор Винченцо Монтела, почина во болницата каде што се лекуваше по трагичната несреќа во својот дом”, пишува во соопштението на сојузот, со потврда дека последното збогување ќе се одржи во четврток во близина на Неапол.
Покрај турската фудбалска заедница, поддршка за најмладиот од петте браќа и сестри од семејството Монтела стигна и од многу италијански спортски великани.
Поранешниот тренер и играч доби искрено сочувство и од Рома, кои порачаа: “АС Рома изразува сочувство и поддршка на Винченцо Монтела за смртта на неговата сестра Катерина.”
Во изразите на поддршка се приклучи и Милан со порака: “АК Милан изразува сочувство на Винченцо Монтела за смртта на неговата сестра Катерина.”
Оваа голема семејна трагедија го зaплисна Монтела веднаш по завршувањето на Светското првенство, на кое неговата играчка постава на Турција доживеа неуспех, елиминирајќи се во групната фаза.