Дома Фудбал Фудбалерите на Рига направиле хаос – кршеле во соблекувалната на Вардар! (Фото)

Фудбалерите на Рига направиле хаос – кршеле во соблекувалната на Вардар! (Фото)

Фудбалерите на Вардар беа поразени од летонска Рига со 3:2 во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига, а по натпреварот вниманието го привлече и однесувањето на гостинската екипа надвор од теренот.

Според фотографиите од соблекувалната, играчите на Рига зад себе оставиле неред, а покрај расфрланото ѓубре, оштетен бил и дел од инвентарот. Искршени се неколку столчиња и шкафчиња, што остава лош впечаток за нивната култура и однесување.

Овој контраст е уште поочигледен ако се земе предвид претходниот европски натпревар на Вардар против КуПС. Финскиот тим тогаш ја напушти соблекувалната во речиси иста состојба во каква што ја доби, без оштетувања и со уредно оставен простор.

Во таборот на Вардар сега ќе се надеваат дека ваквиот потег на противникот ќе биде дополнителен мотив за реваншот во Летонија, каде „црвено-црните“ ќе се обидат да ја надоместат негативата и да обезбедат пласман во следната рунда од квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Екс-претседател на Сити удри по својот поранешен клуб: Ја исмејуваат целата Премиер лига!

Поранешниот претседател на Манчестер Сити, Дејвид Бернстин, не го штеди клубот што некогаш…