Дома Македонски спорт Aнгеловски: Испразнети сме, но можноста да бидеме победници и оваа сезона не мотивира!

Aнгеловски: Испразнети сме, но можноста да бидеме победници и оваа сезона не мотивира!

Денес пред натпреварот со Естонија, прес-конференција одржа селекторот Игор Ангеловски и напаѓачот Иван Тричковски.

Селекторот Ангеловски најави дека ќе се оди по победа иако емоционално се испразнето по дуелот со Грузија.

“Во септември кога почна новата сезона на Лигата на нации кажав дека главна цел е пласман на ЕП, но зошто да не бидеме и први. Нормално дека после еден ваков настан сме испразнети емоционално, меѓутоа сакаме да победиме за да се бориме за прво место“

“Можноста пак да бидеме шампиони во нашата конкуренција во Лига на Нации секако мотивира. Од утрешниот натпревар ќе бидеме репрезентација која е учесник на ЕП и мораме да ја оправдаме таа голема одговорност“, изјави селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи – Вулвс: Тухел дебитира по само еден тренинг со новиот тим

Нова ера почнува во тимот на Челзи, Лампард е веќе минато и на негово место веднаш е поста…