Дома Македонски спорт Мак ракомет Без победник на „Енфилд“: Ливерпул прокоцка два гола предност против Арсенал (Видео)

Без победник на „Енфилд“: Ливерпул прокоцка два гола предност против Арсенал (Видео)

Во натпревар без резултатски влог, но со многу престиж на маса, Ливерпул и Арсенал одиграа возбудливо реми од 2-2 во дербито на 36. коло од Премиерлигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Домашниот состав започна фуриозно и веќе до 21. минута стекна убедлива предност. Прво Коди Гакпо погоди за 1-0 во 20. минута, а само една минута подоцна Луис Диаз ја зголеми разликата на 2-0.

Сепак, „топчиите“ не се предадоа и со борбена игра успеаја да се вратат во натпреварот. Габриел Мартинели намали на 2-1 на самиот почеток од вториот дел, во 47. минута, а израмнувањето го донесе Мерино во 70. минута, поставувајќи го конечниот резултат.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…