Ѕвездата на Манчестер Сити и репрезентацијата на Шпанија, Давид Силва има во план кариерата да ја заврши во своетно родно место, Лас Палмас.
Одличниот играч има уште две години договор со „Граѓаните“ кои планира да ги одработи, а по тоа би сакал да се врати во татковината.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Да, би сакал моето дете да расте таму каде што растев и јас. Се надевам дека ќе има исти можности како и јас. Ако сака да игра фудбал, ќе бидам тука да му помогнам. Имам уште две години договор со Сити. Не знам што ќе биде по тоа. Ќе имам 34 години, се ќе зависи од тоа како ќе се чувствувам физички и ментално. Навистина би сакал да играм во Лас Палмас, но ќе почекаме уште две години“, изјави Силва.
Силва никогаш не играше за клубот од неговиот крај. Потсетуваме, тој се прослави во дресот на Валенсија, а во Англија е од 2010. година.