Дома Фудбал Италија Дефанзивецот на Милан позираше со дрес на Барселона, па си доби „воспитна“ од Гатузо (видео)

Дефанзивецот на Милан позираше со дрес на Барселона, па си доби „воспитна“ од Гатузо (видео)

Џенаро Гатузо кој денес е тренер на Милан е добро познат по својот темперамент кој сега го покажува и во тренерската улога.

Италијанецот често пати знае да изреагира на начин поради што многумина остануваат без коментар, а знае да подели и по некоја „воспитна“ на своите фудбалери.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На почетокот на овој месец, Милан одигра пријателски натпревар против Барселона во кој „росонерите“ славеа со 1:0, а во центарот на вниманието после натпреварот се најде младиот дефанзивец на италијанскиот клуб, Габриеле Белоди.

Белоди од натпреварот го доби дресот на голманот на Барселона Марк Андре Тер Штеген со кој позираше во просториите на стадионот, во тој момент се појави Гатузо на кого тоа не му се допадна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …