Дома Фудбал Италија Одигрувањето на првото коло во Серија А под голем знак прашалник

Одигрувањето на првото коло во Серија А под голем знак прашалник

Како што денес објавија италијанските медиуми постојат сериозни шанси првото коло во Серија А да биде одложено.

Tрагедијата која се случи во вторникот наутро ја обележи оваа недела во Италија, а почетокот на првенството веројатно ќе биде поместено за седум дена.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Понте Моранди“, мостот кој се сруши во вторникот со себе однесе 39 животи.

Сампдорија денес испрати барање нивниот натпревар против Фросинонен да биде одложен, додека навивачите на Џенова објавија дека нема да присуствуваат на натпреварот против Милан на „Сан Сиро“.

Сепак, медиумите во Италија најавуваат дека постојат големи шанси целото коло да биде одложено.

Конечната одлука ќе биде донесена до крајот на денешниот ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендарен судија во Шпанија: Повеќето судии се наклонети кон Реал

Во земја каде што фудбалот има речиси религиозно значење, ривалството помеѓу Реал Мадрид и…