Денес, точно напладне шефот на стручниот штаб Зоран Штерјовски ја изврши првата прозивка на прилепскиот прволигаш и пред фудбалерите на Победа го образложи планот на зимските подготовки.
На првиот собир присутни беа сите староседелци, со исклучок на капитенот Александар Крстески кој следните денови ќе се приклучи на тренинзите на екипата. На првиот тренинг ’бип тестот’ во салата на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ со своите нови соиграчи од новајлиите присутен беше само Благојче Коњарски. Зоран Даноски почнува со тренинзи од утре како и двајцата српски интернационалци Мирослав Станиќ и Милан Војводиќ кои поради проблеми со отежнатиот сообраќај го пропуштија првиот тренинг, додека бразилецот Уемерсон Рамон во Прилеп се очекува на 13-ти јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од утре, според планот на Штерјоски, следат тренинзи по два, а во одредени денови и три пати на ден, се до заминување на подготовки во Охрид. Ќе се тренира во сала, теретана и на терените на Могила и на вештачката трева, во зависност од временските услови. Прилепчани до почетокот на пролетниот дел на првенството договорија 5 проверки на формата а се бара спаринг партнер за „генералката“ на 11-ти или 12-ти февруари.