Дома Фудбал Англија Ако Јунајтед ја освои Лигата на шампиони, Ибра ќе добие најголем бонус

Ако Јунајтед ја освои Лигата на шампиони, Ибра ќе добие најголем бонус

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ ќе добие најголем бонус ако „црвените ѓаволи“ оваа сезона ја освојат титулата во Лигата на шампионите.

Личниот бонус, запишан во договорот на Швеѓанецот, е два милиона фунти, и тој не зависи од придонесот на Ибрахимовиќ во Лигата на шампиони.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Досега Швеѓанецот одигра само еден меч во ЛШ оваа сезона, но верува дека на крајот може да го освои трофејот од соништата, единствениот кој засега му недостига во богатата кариера.

Во август минатата година, Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Јунајтед и се согласи неговата плата да биде преполовена во споредба со претходната година, но постојат неколку слични примамливи бонуси во договорот.

Ибрахимовиќ нема настап за „црвените ѓаволи“ од декември, но се очекува наскоро да се врати во тимот. Мурињо неодамна потврди дека на крајот на сезоната Ибра сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…