
Фудбалската репрезентација на Уругвај направи уште еден голем кикс на Светското првенство. По нерешениот натпревар против Саудиска Арабија во првото коло, истото го повторија и против Зеленортските Острови во второто коло, а сега над нив виси и можноста да отпаднат од Мундијалот!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уругвај играше доста слабо против Саудијците, барем во првото полувреме, кога примија гол, додека во второто значително се подобрија, но не успеаја да постигнат два гола. Нешто слично видовме и против Зеленортските Острови.
Доста слаб влез во полувремето, противникот поведе, тие успеаја да го изедначат резултатот и да го превртат на крајот од првиот дел, а потоа киксот на Муслера допринесе до реми.
Инаку, Уругвај постигна и трет гол, но истиот беше поништен. Во прв момент се чинеше дека не се знае што се случило, но објаснувањето стигна многу брзо.
Имено, Уругвај имаше корнер, кој го изведе Араухо. Потоа топката отиде на страна, каде што Араухо во прв момент застана, а потоа тргна кон неа. Ја прифати, центрираше, а Возинја слабо реагираше.
.Киперот на Зеленортските Острови Возинја онака збунет
За среќа офсајд вухуу pic.twitter.com/R3qR432GNd— Апил (@apilpirman) 21 јуни, 2026