Дома Фудбал Поради Светското првенство стана хит на Инстаграм, а сега направи трансфер на кариерата!

Поради Светското првенство стана хит на Инстаграм, а сега направи трансфер на кариерата!

Новозеландскиот фудбалер Тим Пејн, кој стекна голема популарност откако еден аргентински инфлуенсер го издвои како најнепознатиот играч на Светското првенство, вечерва потврди дека ќе ја продолжи кариерата во парагвајскиот тим Олимпија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бројот на следбеници на Инстаграм на Пејн се зголеми од 4.700 на 5,8 милиони откако инфлуенсерот Вален Скарсини, познат како Ел Скарсо, го означи како учесникот на Светското првенство со најмал број на следбеници на социјалните мрежи.

Ненадејната популарност доведе до тоа 32-годишниот фудбалер да привлече интерес од клубови од Аргентина, Парагвај, Уругвај и Мексико.

Пејн потврди дека потпишал едногодишен договор со Олимпија од Парагвај.

“Ова не беше лесна одлука. Седум години поминав во А-лигата со Велингтон Феникс, одиграв 149 натпревари. На навивачите, соиграчите и сите кои ме поддржуваа низ кариерата, низ успесите и падовите, ви благодарам. Без вас немаше да бидам овде да ја претставувам мојата земја на Светското првенство – самото врв на овој спорт”, рече Пејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Засилување во нападот: Бајер плати 30 милиони за бисерот на Лион

Фудбалерот на Лион Афонсо Мореира е ново засилување за Бајер од Леверкузен, откако германс…