Дома Останати Кошарка Проблем за Лејкерс: Дончиќ мора да паузира

Проблем за Лејкерс: Дончиќ мора да паузира

Лука Дончиќ нема да биде дел од составот на Лос Анџелес Лејкерс за натпреварот против Финикс, кој ќе се игра во ноќта меѓу вторник и среда.

Репрезентативецот на Словенија чувствува болка во мускулот на левата нога, откако прими удар од Богдан Богдановиќ во градското дерби меѓу Лејкерс и Клиперс.

Натпреварот го напушти на крајот од втората четвртина и не се врати назад на теренот. Тренираше во понеделникот, но со завој.

Се очекува дека еден од најдобрите играчи ќе биде подготвен за игра за Лејкерс во божиќната средба против Хјустон.

Моментално, Дончиќ е водечки стрелец во НБА лигата со просек од 34,1 поен по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…