Дома Бокс Македонски судија нападнат на Европското првенство во Србија (Видео)

Македонски судија нападнат на Европското првенство во Србија (Видео)

Тежок инцидент го одбележа финалето на Европското младинско првенство во бокс, што се одржа во српскиот туристички центар Златибор. Македонскиот боксерски судија Стефан Цубалевски беше физички нападнат од страна на тренерот на азербејџанската репрезентација – инцидент што предизвика згрозеност и бурни реакции во јавноста.

Насилството се случило за време на финалниот натпревар во категоријата до 75 килограми, во кој силите ги одмерија Јусуф Агакишијев од Азербејџан и Виктор Мајсторовиќ од Србија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По неколку спорни моменти во борбата, тренерот на азербејџанскиот боксер најпрво бурно реагирал со вербални навреди кон Цубалевски, а потоа агресивно влетал во рингот, каде што го фатил судијата за врат и почнал да го удира.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Познато колку Пол заработи по секунда од мечот со Џошуа (Видео)

Британскиот тешкаш Ентони Џошуа му беа потребни шест рунди да го нокаутира Јутјуберот и бо…