
Тајсон Фјури и Антони Џошуа ќе се најдат во рингот до крајот на годината. Официјалниот декемвриски датум наскоро ќе биде познат, а фановите во Европа се шокирани од терминот.
Една од најголемите борби на сите времиња, барем кога станува збор за Велика Британија, конечно ќе се одржи.
Завршувањето на преговорите за мечот Тајсон Фјури – Антони Џошуа се очекува во наредните денови и борбата за Британија веќе има потенцијални термини за декември оваа година.
Познато е дека мечот ќе се одржи во Кардиф, а потенцијалните датуми се 4-ти или 11-ти декември. Сепак, интересен е терминот во кој ќе се одржи борбата.
Покрај фактот дека настанот ќе започне во петок на 4-ти или 11-ти декември, Фјури и Џошуа нема да влезат во рингот пред раното утро во сабота. Влезот се очекува околу 2 часот наутро.
Netflix е тој кој одлучува за сѐ. Одлуката е таква поради американската публика и ќе биде многу интересно да се види како ќе изгледа мечот на боксерските гиганти во таков термин.