Дома Бокс Усик го нокаутира Дубоа – познато по колку пари заработија од спектаклот (Видео)

Усик го нокаутира Дубоа – познато по колку пари заработија од спектаклот (Видео)

Украинскиот шампион Олександр Усик со импресивен настап го совлада Британецот Даниел Дубоа со нокаут во петтата рунда, обезбедувајќи ги сите големи појаси во тешка категорија. Победата не само што му донесе нова титула, туку и огромна финансиска добивка – според последните информации, Усик ќе инкасира околу 114 милиони евра од овој спектакуларен меч.

Иако мечот траеше само пет рунди, и поразениот Дубоа ќе има сериозна причина за задоволство – неговиот хонорар изнесува 61 милион евра, што е значителен скок во споредба со нивниот претходен дуел.

Да потсетиме, овие двајца боксери се соочија и во 2023 година, но тогаш хонорарите беа далеку поскромни. Усик тогаш инкасираше пет милиони евра, додека Дубоа доби околу 1,7 милион евра.

Со оваа нова победа, Усик ја продолжува својата совршена серија во професионалниот бокс – ова му беше 24. триумф, од кои дури 15 ги има извојувано со прекин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Фановите на боксот се шокираа кога го слушнаа терминот за мечот Фјури – Џошуа!

Тајсон Фјури и Антони Џошуа ќе се најдат во рингот до крајот на годината. Официјалниот дек…