Дома Бокс Ужас: Боксер пронајден мртов по борба!

Ужас: Боксер пронајден мртов по борба!

Полицијата од Аризона во моментов интензивно работи на решавање на мистериозната смрт на мексиканскиот боксер Педро Антонио “Тони” Родригез, кој беше пронајден без знаци на живот едно утро по својата борба.

Мексиканскиот борец во категоријата супебантам беше поразен од Филип Вела само неколку часа пред фаталниот исход, во сабота навечер на територијата на САД.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Триесет и седум годишниот борец од Дуранго претрпе пораз по одлуката на судиите по шесте рунди во сабота. Потоа, се врати во својата хотелска соба.

Родригез планирал да се види на вечера со другите учесници на програмата, но следната вечер не се појавил во просториите на хотелот.

Освен што изостанал од вечерата, пропуштил и превозот што требало да го однесе на аеродромот, поради што загрижените колеги побарале од хотелскиот персонал да реагира. Персоналот влегол во неговата соба и го пронашол мртов.

Полицијата веќе неколку дена го истражува случајот и сѐ уште немаат јасна претстава за што се работи. Во известувањето се вели дека „причините за неговата смрт се нејасни“.

„Ме повика по завршувањето на борбата. Дури и по сѐ, тој отпатува во хотелот и разговараше со мене преку видео повик. Не знам што се случи, дали е некој вид удар. Збунета сум и чекам официјалниот извештај“, изјави неговата сопруга Карла Валензуеа.

Меѓутоа, властите од Аризона сѐ уште не издале службен извештај за причините на смртта и нема утврдено врска со некаква тепачка или претходни здравствени проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Џејк Пол има големо срце – ќе донира пари на пензиониран борец за трансплантација на бели дробови

Џејк Пол ја запиша својата 12. победа во 13. професионална боксерска борба. Јутјуберот кој…