Дома Трансфер зона Саудиските клубови спремија 1 милијарда за Винисиус

Саудиските клубови спремија 1 милијарда за Винисиус

Саудиските клубови успеаа да доведат голем број познати имиња од европскиот фудбал, па нема да жалат пари за ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот бил контактиран од Фондот за јавни инвестиции во име на Министерството за спорт на Саудиска Арабија и на 24-годишниот фудбалер му понудиле да се пресели во некој од најголемите клубови и да биде заштитно лице на Светското првенство во 2034 година.

Винисиус Јуниор ова лето не го напушти Реал Мадрид, бидејќи се надеваше дека ќе ја освои „Златната топка“, но сега ја отвора вратата за трансфер во Саудиска Арабија.

Бразилецот може да добие договор вреден 1 милијарда евра, но Реал се надева дека сепак ќе пресудат спортските амбиции на фудбалерот за да остане во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…