Дома Фудбал Англија Легендата на „Црвените ѓаволи“ конкурираше во два премиерлигашки клуба?!

Легендата на „Црвените ѓаволи“ конкурираше во два премиерлигашки клуба?!

Лестер неодамна го отпушти Шекспир по серијата лоши резултати, моментално на таа функција е неговиот асистент, Мајкл Еплтон, но јасно е дека тој долго нема да остане на таа позиција, иако „Лисиците“ славеа против Свонси под неговото водство.

Денес без работа остана и Роналд Куман, кој доби „шут карта“ во Евертон, по убедливиот пораз од Арсенал, но епилогот од средбата со „Топчиите“ беше само капка во морето лоши резултати за Евертон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Така, два тима во ПЛ моментално се без шеф на стручниот штав, а и кај едните и кај другите своите услуги ги понуди некогашната легенда на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс.

Тој имаше тренерско искуство во Манчестер Јунајтед, работеше кратко како в.д. тренер на „Црвените ѓаволи“, а потоа му беше асистент на Луи Ван Гал, исто така на „Олд Трафорд“.

Тој тогаш немаше тренерски ангажман, имаше приказни дека би можел во Свонси, но на крајот доби работа во својата земја.

Дали некој од премиерлигашите ќе ја отвори вратата за легендата на англискиот фудбал, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…