Трансферот на Дани Олмо во секој момент може да биде потврден, но во Барселона работат и на уште една зделка.
Според последните информации, Барселона работи да му ја исполни желбата на Ханси Флик и да го врати Жоа Кансело кој си замина по истекот на позајмицата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кансело минатата сезона беше дел од Барселона, меѓутоа по истекот на позајмицата се врати во Манчестер Сити каде што Гвардиола не смета на него.
Фабрицио Романо објави дека токму висината на оштетата е единствен проблем во реализација на трансферот, самиот фудбалер има желба повторно да го носи дресот на Барселона.
Барселона исто така се поврзуваше и со Нико Вилијамс, меѓутоа како што стојат работите тој ова лето ќе остане во Атлетик Билбао.