Дома Трансфер зона Де Лаурентис за првпат открива: Бил блиску да го доведе Халанд

Де Лаурентис за првпат открива: Бил блиску да го доведе Халанд

Првиот човек на Наполи, контроверзниот Аурелио Де Лаурентис открива дека бил блиску во Неапол да го доведе Ерлинг Халанд кој денес блеска во дресот на Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Де Лаурентис според неговите зборови заедно со своите соработници го забележале Халанд уште додека бил дел од Салцбург. Понудата која бил спремен да ја испрати газдата на Наполи изнесувала 50 милиони евра.

„Јас го открив Халанд. Сакав да понудам 50 милиони евра, но Мино ме спречи. Ме покани во неговата канцеларија и ми кажа: Те молам немој да се обидуваш. Веќе имам план за неговиот следен трансфер“, изјави претседателот на Наполи.

Во прашање е периодот од есента 2019 година кога Халанд го носеше дресот на Салцбург и набрзо се пресели во Борусија Дортмунд од каде пристигна во Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…