Мароканскиот голман Јасин Боно летово се пресели во Саудиска Арабија во тимот на Ал Хилал, а сега откри како му пропаднал трансферот во Реал Мадрид иако бил една од опциите за замена на Тибо Куртоа кој се повреди.
Летово Јасин Боно беше мета на неколку европски клубови, но на крајот се пресели во Саудиска Арабија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега голманот за првпат откри дека бил блиску до трансфер во Реал Мадрид. Трансферот пропаднал поради неговиот настап на Африканскиот Куп на Нации.
„Бев прв избор на Реал Мадрид, барем така ме известија. Но, подоцна во Реал направиле детална анализа и заклучиле дека ќе пропуштам многу натпревари во клучен период поради Африканскиот Куп на Нации, па побараа други опции“, откри Боно.