Дома Трансфер зона Готово: Јувентус пронајде нов клуб за Артур

Готово: Јувентус пронајде нов клуб за Артур

Бразилецот Артур пред неколку години пристигна во Јувентус од Барселона во размена со Миралем Пјаниќ, пристигна со големи очекувања, но никогаш не ги исполни.

Минатата сезона, Артур ја мина како позајмен фудбалер во Ливерпул каде што скоро и да не играше и во најголем дел од сезоната беше повреден. Поради таквата ситуација, Јирген Клоп очекувано не ја активираше клазулата за откуп на неговиот договор.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Алегри јасно стави до знаење дека не му е потрербен во неговиот тим, па во изминатиот период италијанскиот клуб му бараше нова дестинација. Според последните информации потрагата е завршена.

Нов клуб на Артур ќе биде Фиорентина која ќе го доведе на позајмица за која ќе плати два милиони евра, а ќе има и опција за откуп на договорот за 20 милиони евра. Во текот на утрешниот ден Артур би требало да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити спремен да го продаде Де Брујне, му бара замена

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред. …