Дома Фудбал Навивачите на Јувентус направија скандал против Аталанта, клубот остро го осуди однесувањето

Навивачите на Јувентус направија скандал против Аталанта, клубот остро го осуди однесувањето

Една група навивачи на Јувентус на стадионот Алијанц одбија да учествува во минутата молчење пред почетокот на шампионатскиот натпревар против Аталанта (2:0), која беше посветена на починатата фудбалска легенда на Интер и италијанскиот фудбал, Сандро Мацола.

Додека главниот дел од публиката пристојно и со почит му оддаде чест на познатиот напаѓач, најстрастните фанови на јужната трибина ги свртија грбот на теренот и пееја песни во чест на клубските легенди, како Гаетано Ширеа, Андреа Фортуа и Џани Ањели.

Клубот од Торино брзо излезе со официјално соопштение во кое силно го осуди ова однесување на своите навивачи.

“Нема ривалство што може да оправда непочитување за време на минута молчење. Да се почитува сеќавањето и да се учествува во одбележувањето на такви моменти е заедничка обврска која надминува припадност и боја”, објавија од Јувентус.

Реагираше и претседателот на италијанскиот Сенат и познат навивач на Интер, Ињацио Ла Руса, потенцирајќи дека големината на Мацола не зависи од постапките на оваа група навивачи.

Инаку, Мацола целиот свој кариерен пат го помина во Интер, освојувајќи две европски титули и четири национални титули, а стана и шампион на Европа со репрезентацијата во 1968 година.

Во однос на самиот натпревар, тимот на Лучијано Спалети постигна победа со головите на Френсишко Консесао и Глејсон Бремер.

Со оваа победа, Јувентус го прекина негативниот низ против Аталанта во првенството, кој траеше уште од 2018 година, нанесувајќи му го третиот последователен пораз на клубот од Бергамо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид со порака: Ова е одвратно, сакаме да ја напуштиме Ла Лига!

Телевизискиот канал на Реал Мадрид повторно предизвика голема бура во Шпанија по мадридско…