Maкедонската младинска репрезентација денес од 17:00 часот одигра натпревар на гостински терен против селекцијата на Еремeнија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекцијата до 21 година продолжи да ја радува македонската спортска јавноста, тие денес ја совладаа селекцијата на Ерменија со убедливи 0:3 во нивниот прв натпревар во квалификациите за Европското првенство.
Македонија беше подобриот противник на теренот иако и Ерменците имаа свои шанси. Хет трик за нашата селекцика постигна Тихомир Костадинов.
Првиот гол беше постигнат рано уште во осмата минута а во 26 минута веќе беше 0:2, резултат со кој се замина и на полувремето. И двата гола нашата селекција ги постигна после грешки во одбраната на домаќините.
Конечните 0:3 беа поставени во 72 минута. Како што споменавме овој натпревар за Македонија беше прв, додека за селекцијата на Ерменија беше трет, претходно тие запишаа едно реми и една победа.