Дома Трансфер зона Левандовски има комплетен договор со Барселона

Левандовски има комплетен договор со Барселона

Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски постигнал комплетен договор со Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

33-годишниот напаѓач треба на „Камп Ноу“ да заработува девет милиони евра по сезона, пренесува „Мундо депортиво“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанскиот весник истакнува дека Левандовски не го променил ставот и ја повторил желбата да ја продолжи кариерата во Барселона.

Сепак, за да се реализира трансферот, Барселона мора прво да ги среди финансиските проблеми, односно да продаде неколку играчи. Исто така, Баерн и Барселона мора да се договорат за висината на обештетувањето, кое би требало да изнесува околу 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…