Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.




26-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Договорот на Шпанецот со Наполи истекува во јуни 2023 година, па веќе влезе во последната година од договорот.




Бидејќи нема најава за негово продолжување, Наполи е спремен да го продаде ова лето, а за неговата слобода бара 40 милиони евра.




Гвардиола сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Етихад“ бидејќи е во потрага по квалитетен играч за врска.
Фабиан Руиз наводно веќе се договорил со „граѓаните“ и останува уште двата клуба да се договорат околу обештетувањето.