Кристиан Ериксен после долгата пауза поради срцевите проблеми се врати на терените и одигра одлично во дресот на Брентфорд.
Ериксен покажа дека е во одлична форма, се врати во данската репрезентација, па го привлече вниманието на неколку клубови од Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ериксен со настапите го сврте вниманието и тој е посакуван од страна на великани како Манчестер Јунајтед, а се споменува и евентуално враќање во Тотенхем.
Раководството на „спарси“ веќе почнало преговори со неговиот агент, а Конте одлично го познава Ериксен и го сака во својот тим.