Раководството на Манчестер Сити ја одреди цената за напаѓачот Габриел Хесус. „Граѓаните“ им соопштиле на заинтересираните клубови дека Бразилецот може да си оди за 50 милиони евра.
Сити веќе ангажираше двајца играчи на неговата позиција – Ерлинг Халанд и Џулијан Алварез, па јасно е дека за Жесус повеќе нема место во тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Притоа, Бразилецот влезе во последната година од договорот и ова е последна шанса Сити да заработи од неговата продажба.
Во моментов најсериозен кандидат за 25-годишниот напаѓач е Арсенал, но интерес за Бразилецот покажуваат уште Челзи, Реал Мадрид и Барселона.