Дома Трансфер зона Постигнат договор: Милан ќе го откупи Флоренци

Постигнат договор: Милан ќе го откупи Флоренци

Милан постигнал договор со Рома и ќе го откупи договорот на Алсандро Флоренци, пренесуваат италијанските медиуми.

Флоренци пристигна минатото лето на позајмица од Рома и одлично се вклопи во тимот на „росонерите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанецот е важен за тренерот Пиоли бидејќи може да игра на неколку позиции и клубот сака да го задржи.

„Росонерите“ имаат опција да го откупат за 4,5 милиони евра, но почнаа преговори со Рома и успеаа да ја намалат сумата.

Двата клуба постигнале договор и Милан за откуп на договорот на Флоренци ќе плати 3 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…