Ромелу Лукаку се договорил со Интер за личните услови, бидејќи силно посакува да се врати во Милано, а Челзи е спремен да го пушти на позајмица.
Белгиецот минатото лето се пресели во Челзи за 115 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и го загуби местото во првиот тим. Притоа влезе и во конфликт со тренерот Тухел и сака да се врати во Интер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Интер не е спремен да плаќа за трансфер и го сака Белгиецот само на позајмица, а Челзи ги одреди условите.
Лондончани побарале од „нероазурите“ да платат 20 милиони фунти за едногодишна позајмица со право на откуп.
Челзи е спремен да прифати во трансферот да биде вклучен и некој фудбалер, а на листата на „сините се Скриниар, Думфрис и Лаутаро Мартинез.
Интер не е спремен да плати 20 милиони за позајмица, па останува да видиме дали ќе се согласи да се откаже од некој од споменатите фудбалери.