Интер ги забрза преговорите со Пауло Дибала и сака да го комплетира трансферот што е можно побрзо.
Двете страни веќе подолго време преговараат и имаат начелен договор, а денес агентот на Аргентинецот пристигна во канцелариите на Интер да ги договорат последните детали.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што е познато, Дибала е слободен агент откако му заврши договорот со Јувентус, а негов прв избор од самиот старт беше Интер.
„Нероаѕурите“ му понудија тригодишен договор со опција за уште една година тежок 7 милиони евра по сезона плус бонуси.
Денес се очекува да бидат договорени последните детали и наскоро да биде официјализиран трансферот.
Inter are now meeting with Paulo Dybala’s agent. Direct talks ongoing at Inter HQ with Jorge Antún, the man who represents Dybala. 🚨🇦🇷 #Inter
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 8, 2022
New direct contacts were expected this week… and the meeting is now taking place ⤵️ https://t.co/19mJWaibNn