Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Бастони

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Бастони

Раководството на Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, тврди „Дејли мејл“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот италијански репрезентативец е трансфер цел на Тотенхем, а „нероаѕурите“ поради финансиски проблеми се спремни да го продадат ова лето.

Според Џанлука Ди Марцио, преговорите меѓу „Спарси“  и Интер се во напредна фаза и покрај интересот од Манчестер Јунајтед, самиот играч сака да се пресели во Тотенхем за повторно да соработува со Антонио Конте.

Интер има финансиски проблеми и ова лето мора да продаде една од своите ѕвезди, а тоа најверојатно ќе биде Бастони.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „нероаѕурите“ за слободата на младиот дефанзивец бараат 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…