Манчестер Сити будно ја следи ситуацијата околу Бaкајо Сака и сака да го донесе англискиот репрезентативец на „Етихад“.
Младиот напаѓач има договор со Арсенал уште две години, но преговорите за негово продолжување се во застој и двете страни не успеваат да се договорат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ситуацијата будно ја следат „граѓаните“, кои сакаат да го „укарадат“ еден од најголемите таленти на Островот.
Доколку до јануари англискиот репрезентативец не се договори со „топчиите“, тогаш Манчестер Сити ќе тргне во конкретна офанзива за ангажман на Бакајо Сака.
Гвардиола е голем симпатизер на неговите квалитети и смета дека би бил идеална замена за Стерлинг.