Maкедонскиот интернационалец кој во јануарскиот преоден рок направи трансфер во Бачка Топола постигна гол во српската Суперлига против Чукарички.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поранешниот напаѓач на Академија Пандев ја искористи шансата во која за првпат играше како стартер и го отвори резултатот после нешто повеќе од половина час игра. Голот на Мирчевски беше и единствен во првото полувреме додека во второто беа постигнати уште четири.




Победата тимот на Мирчевски ја обезбеди со гол во 93. минута за 2:3. Мирчевски на теренот ги помина сите 90 минути. Треба да се спомене и дека Мирчевски својот деби гол во новиот дрес го постигна токму на теренот на Чукарички пред нешто повеќе од еден месец.