Дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар и оваа сезона игра одлично, а наскоро може да стави потпис на нов договор.
Скриниар е на мета на многу европски гиганти, но самиот потврди дека сака кариерата да ја продолжи во Интер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Договорот ми истекува во 2023 година, но сакам да останам долго. Се надевам дека луѓето во клубот се задоволни од моите игри и дека ќе ми понудат продолжување на соработката“, изјави Скриниар.
Интер наскоро ќе започне преговори со неговиот агент за продолжување на соработката до 2025 година, пренесуваат италијанските медиуми.
Скриниар ќе добие и зголемување на платата, па со новиот договор ќе заработува 4 милиони евра по сезона.