Немирни води го зафатија Торино, пред се поради претседателот на Јувентус Андреа Ањели.
Откако пристигна на чело на Јувентус Ањели го направи еден од најмоќните клубови во светот со одлични приходи и голема заработка. Меѓутоа случувањата во последните година од кога Ањели стана еден од иницијаторите за формирање на Суперлигата придонесоа репутацијата помеѓу раководните лица да опадне.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Габриеле Гравина, претседателот на ФС Италија кристално јасно порача дека Јувентус ќе биде исфрлен од Серија А ако се приклучи на Суперлигата.
„Ако тој договор стане реален, Јувентус ќе биде исфрлен од италијанскиот шампионат. Суперлигата е погрешен одговор во однос на вистинските потреби. Италија мора да размислува како квалитетот на Серија А да стане подобар“, изјави Гравина.
Дека италијанскиот фудбал е во криза најдобро покажуваат резултатите на италијанските клубови во Лигата на шампионите каде што ниту еден италијански клуб не се избори за четвртфинале.