Дома Фудбал Италија Директор на Фиорентина: Клубовите се на пат да станат заложници на агентите

Директор на Фиорентина: Клубовите се на пат да станат заложници на агентите

Директорот на Фиорентина, Даниеле Праде го коментираше трансферот на Влаховиќ во редовите на Јувентус и начинот на кој реагираа фановите.

Праде истакна дека не можеле да ја одбијат понудата на Јувентус бидејќи ризикувале да го загубат голгетерот без обештетување.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Сите сме на јасно со ситуацијата на Влаховиќ, беше невозможно да ја одбиеме понудата на Јувентус. Го разбирам разочарувањето на фановите, но има ситуации во кои немаш многу простор за маневар. Клубовите се на добар пат да станат заложници на агентите и фудбалерите“.

„Не можевме да кажеме НЕ бидејќи ризикувавме да го загубиме играчот без пари. Влаховиќ ги одби сите други понуди, некои дури беа подобри за нас. Таков е модерниот фудбал и само можеме да се надеваме дека работите ќе се променат“, изјави Праде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио

Претприемачот, политичар и сопственик на Лацио, Клаудио Лотито, реши да повика свештеник з…