Дома Фудбал Италија Сериозни проблеми за Јувентус

Сериозни проблеми за Јувентус

Јувентус се соочува со сериозни кадровски проблеми пред продолжувањето на Серија А викендов.

Имено, Бернардески, Мората, Бонучи и Пелегрини се под знак прашалник за дуелот со Верона во недела.

Додатни проблеми за Алегри се и отсуството на Мануел Локатели поради суспензија, додека Перин и Алекс Сандро се позитивни на Ковид. Познато е дека Федерико Киеза ќе паузира до крајот на сезоната поради повреда на коленото.

Добрата вест за „бјанконерите“ е фактот што Денис Закарија веќе го одработи првиот тренинг и ќе биде спремен за настап во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Владата на Хрватска остро удри по Торцида: „Срамно однесување, нема место за славење на нацистички режим“

Победата на Хајдук над Ајакс во Сплит остана во втор план по серијата инциденти поврзани с…