Дома Фудбал Италија Најбараниот дефанзивец во Серија А стави потпис!

Најбараниот дефанзивец во Серија А стави потпис!

Фудбалскиот клуб Торино денес потврди дека дефанзивецот Глеирсон Бремер ставил потпис на нов договор до 2024 година.

Бремер пристигна во Торино во 2018 година од Атлетико Минеиро, а оваа сезона се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Бразилецот го привлече вниманието на многу европски клубови, особено на Интер и Милан, кои веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Неговиот договор истекуваше во 2023 година, па денес стави потпис на нов договор, со што Торино сигуно ќе има подобра позиција во преговорите.

Бремер на лето најверојатно ќе направи трансфер, а Торино за неговата слобода бара најмалку 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Преговорите започнале: Зиркзе пред враќање во Италија!

Џошуа Зиркзе би можел во јануари да ја побара среќата на ново место. Во Манчестер Јунајтед…