Maртин Мирчевски игра фантастична сезона во македонската прва лига во дресот на Академија Пандев, а во јануари Мирчевски би можел да направи трансфер во Турцја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Голем интерес за Мирчевски покажал тимот на Маниса. Според информациите на турските медиуми преговорите меѓу клубот и Мирчевски се веќе започнати и Мирчевски покажал интерес за трансфер во Турција.
Договорот на Мирчевски истекува на крајот од сезоната, па Академија Пандев не би имала многу опции да го задржи во редовите ако напаѓачот сака промена на средината и предизвик во странство.
Во првиот дел од сезоната Мирчевски за Академија Пандев постигна 16 голови на 18 натпревари.
