Дома Македонски спорт АК Делта победник на атлетскиот Куп на Македонија за сениори

АК Делта победник на атлетскиот Куп на Македонија за сениори

Атлетскиот клуб Делта од Скопје втора година по ред е победник во екипна конкуренција на Купот на Македонија за сениори кој изминатиот викенд под специјален протокол и почитување на мерките за справување со Ковид-19 се одржа на националната арена „Тодор Проески“.

АК Делта до првото место стигна со вкупно освоени 125 поени, пред АК Работнички со 84 поени, и АК Охрид со освоени 56,5 поени.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Во машка конкуренција, исто така најуспешен беше АК Делта (83п) пред АК Куманово (29,5п) и АК Работнички (29п), додека пак кај девојките триумфираше АК Работнички (55п), пред АК Делта (42п) и АК Куманово (27п).

КОМПЛЕТНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД СЕНИОРСКИОТ АТЛЕТСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…