Дома Фудбал Италија Три тима, две места: Сите комбинации за пласман во ЛШ од Серија А

Три тима, две места: Сите комбинации за пласман во ЛШ од Серија А

Во Италија веќе од порано е познато дека Интер е првак, а Беневенто, Кротоне и Парма се селат во Серија Б.

Освен Интер, во ЛШ ќе игра и Аталанта, додека за останатите две места ќе се борат Милан, Наполи и Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред последните 90 минути третото место го држи Милан, но Росонерите ќе имаат најтешка задача од сите екипи бидејќи игра во гости кај Аталанта. Јувентус гостува кај Болоња, а Наполи ја пречекува Верона. Сите натпревари започнуваат во 20:45.

Милан и Наполи го држат третото место и четвртото со по 76 бода, додека Јувентус има 75 и тие се во најтешка позиција.

Милан ќе игра ЛШ доколку победи. Може до елитното натпреварување и доколку Наполи или Јувентус бидат поразени.

Наполи ќе игра ЛШ доколку победи. Може и да ремизира, но Јувентус да не победи или Милан да загуби. Може и со бод до ЛШ, но Милан да не победи.

Јувентус ќе игра ЛШ во случај да победи, но Милан и Наполи да не успеат да победат. На Старата дама ќе и одговара и бод, но тогаш Наполи ќе мора да загуби девет гола разлика од Верона, но и Милан да загуби од Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ ја покажа класата на тренингот пред натпреварот против Баерн 🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва од 21:00 часот ќе го играат првиот натпревар од осминаф…