Дома Македонски спорт Ванче Шиков во 2010 ја реши Романија: Шансите се 50/50, Македонија има лидер во секоја смисла на зборот!

Ванче Шиков во 2010 ја реши Романија: Шансите се 50/50, Македонија има лидер во секоја смисла на зборот!

Репрезентацијата на Македонија денес ќе игра натпревар против Романија со кој ќе ги започнеме квалификациите во Светското првенство.

Против Романија низ историјата сме одиграле пет натпревари и на четири од нив сме биле поразени, победивме само еднаш и тоа на последниот во 2010 година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тој натпревар во 2010 година беше од пријателски карактер, а го реши дефанзивецот Ванче Шиков со гол после еден корнер. Токму Шиков денес за Спортски.мк го даде своето мислење за натпреварот кој следи.

„Искрено мислам дека шансите се 50/50, сите знаеме дека имаме одлична репрезентација предводена од вистински лидер во секоја смисла на зборот. Очекувам позитивен резултат и добар почеток на квалификациите“, ни изјави Шиков.

РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0:1 (2010)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…