Шпански „Ел Мундо“ предн неколку дена објави детали од договорот на Лео Меси и предизвика лавина реакции.
Во договорот беше обелоденето дека Меси од 2017 година до денес, за 4 години во Барселона ќе заработи неверојатни 555 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина сметаат дека никој не е вреден таа сума, па ни Лионел Меси, а Аргентинецот најави тужба за луѓето кои дозволиле да излезе во јавност тој документ.
Сепак, иако заработува многу повеќе од останатите, тоа на соиграчите не им смета. Каталонски „Спорт“ наведува дека атмосферата во соблекувалната откако беше објавен договорот, е многу подобра и целиот тим е обединет.
Исто така, целиот тим сака да оствари што е можно подобри резултати до крајот на сезоната и покрај големиот број на проблеми во клубот, пред се финансиски.