Дома Фудбал Кој ги откри деталите од договорот на Меси? Еден човек е главен осомничен за Меси

Кој ги откри деталите од договорот на Меси? Еден човек е главен осомничен за Меси

Шпански „Ел Мундо“ направи вистински хаос кога пред неколку дена објави детали од договорот помеѓу Барселона и Лионел Меси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси договорот со Барселона го продолжи во 2017 година и тогаш се обврза на верност до летото оваа година. Но, неверојатно е што од тој договор Аргентинецот ќе заработи 555 милиони евра, односно 138 милиони евра годишно, плус бонуси.

Аргентинецот беше изненаден како тие информации стигнале до „Ел Мундо“. Неговите адвокати открија дека само пет лица ги знаеле деталите од тој договор.

Шпанските медиуми денес објавија дополнување и наводно Хозе Бартомеу не е главниот осомничен од страна на Меси, туку тоа е Карлес Тускетс кој некогаш беше член на управата на каталонскиот клуб.

Тускетс претходно зборуваше дека Барселона треба да го продаде Меси бидејќи тој е голем терет кога се финансиите во прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман на Ангола беше играч на мечот и стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Голманот на У17 селекцијата на Ангола, Желсон Дала (16), беше прогласен за најдобар играч …