Репрезнтативецот на Македонија, Езгјан Алиоски влезе во последните шест месеци од договорот со тимот на Лидс.
Во островските медиуми се најавуваше дека договорот на Алиоски ќе биде продолжен, но тоа засега официјално не е направено и поради тоа се појавуваат шпекулации поврзани за неговата иднина. Последните денови актуелни се информациите дека преговара со турскиот гигант Галатасарај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После таквите гласини Алиоски за „Би-Би-Си“ не ги коментираше директно ваквите шпекулации, но истакна дека е задоволен од својот престој во Лидс и можноста да игра против најдобрите играчи во светот.
„Убаво ми е тука, стилот на игра кој го имаме мене ми се допаѓа. Секој ден учам по нешто ново и најдоброто од се е што во Премиер лигата играте против најдобрите играчи во Европа. Навистина е посебно да се надигрувате со нив и да им покажете колку знаете“, изјави Алиоски.