Денес изгледа одново ќе видиме тежок пораз на нашата ракометна репрезентација.
Противник денес ни е Русија и овој натпревар не го започнавме добро. Во првите 10 минути постигнавме само еден гол кој беше дело на Кузмановски, а во тие минути примивме 6. Не му одеше денес ниту на капитенот, Лазаров промаши три удари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До втор гол дојдовме во 14. минута Стоилов тогаш намали на 2:7.
Не се менуваше многу и во следните минути, Русите промашија неколку удари меѓутоа ние не ги користивме тие промашувања. Па затоа и во 20. минута имавме шест негатива (6:11).
Киреев одбрани и четврти удар на Лазаров. Следеа уште неколку промашувања и само беше прашање со колкава негатива ќе одиме на пауза. На пет минути до крајот Русите имаа 7:16. Нашата одбрана беше преслаба и немавме решение за одличниот Косоротов.
На полувреме се замина со резултат 9:19.