Шведска и во изменет состав вчера забележа убедлива победа против нас од 12 голови разлика (32:20).
Еден од играчите кој вчера доби голема минутажа е Линус Персон кој натпреварот го заврши со шест гола. Персон истакна дека тие очекувале поголем отпор од нашата репрезентацијата.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„На стартот бев нервозен, но тоа е нормално ми се случува секогаш. Добро е што од самиот почеток работите тргнаа во добра насока за нас. Овој натпревар со Македонија не беше вистински тест за нас, очекувавме поголем отпор. Како и да е секако сме среќни што отворивме со поебда“, изјави Персон по натпреварот.
Во следното коло ние играме против домаќинот Египет, а Шведска со Чиле. Дуелот со Египет Македонија го игра во сабота во 18:00 часот.