Дома Останати Ракомет Хаос со земјите учесници на СП: Зеленортските острови пријавија седум позитивни!

Хаос со земјите учесници на СП: Зеленортските острови пријавија седум позитивни!

Вистински хаос е со учесниците на СП пред самиот почеток.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Прво Шведска, па Чешка, а денес и Американците имаа 18 заразени. Селекторот на САД потврди дека тие се спремни да одат на СП и со 12 ракометари, иако немаат одбрана. (повеќе за ова тука). Нова шанса за Македонија се Зеленортските острови.

Оваа африканска земја треба да го има својот дебитантски настап на СП, но на ден пред почетокот на СП потврди седум заразени. Тие за Каиро требаа да патуваат за два дена.

Прво 15 членови биле позитивни со брзи тетстови, по што им биле направени нови ПЦР и со тој тест се потврдиле седум позитивни. Ако другите споменати земји имаат многу резерви, ситуација со Зеленортските Острови не е таква, па тие се репрезентацијата со најмногу шанси да го откаже учеството.

Тие се во група со Германија, Уругвај и Унгарија. Првиот натпревар треба да го играат во сабота против Унгарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија може да биде домаќин на ЕП во ракомет – поднесена е заедничка кандидатура со Словенија и Србија!

Македонија, Србија и Словенија влегуваат во заедничка трка за домаќинство на машкото Европ…