Дома Фудбал Се спрема ремонт во Мадрид: Зидан „отпишал“ деветмина?

Се спрема ремонт во Мадрид: Зидан „отпишал“ деветмина?

Реал Мадрид пред неколку дена се прости од Лигата на шампионите после поразот од Манчестер Сити и сега шпанските медиуми најавуваат ремонт на екипата.

Јасно е дека оваа екипа на Реал Мадрид даде се што можеше во поретходните години кога три пати во низа ја освои Лигата на шампионите и сега изгледа дојде време за промени во играчкиот кадар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал сезоната ја спаси со освојувањето на Ла Лига, но останатото беше разочарување. Зидан ќе остане на клупата на „кралевите“, но во наредната сезона ќе има поголем предизвик.

Шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез најавил огромни промени и ова лето на трансфер листата ќе се најдат дури девет фудбалери. Првиот од кој Реал сака да се ослободи и тоа сите го знаат е Герет Бејл кој не ни беше во составот за натпреварот со Манчестер Сити. Веднаш зад него е и Хамес Родригез.

Oвој двоец скапо ги чинеше „кралевите“, а на крајот не покажа скоро ништо. Освен нив како што пишува „Марка“ на излезни врати се уште седум играчи.

Зидан покрај Бејл и Хамес ги отпишал уште: Иско, Лука Јовиќ, Лукас Васкез, Мариано Диаз, Брахим Диаз, Начо Фернандез и Марсело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…